Shopping Cart My Cart 0 items 0,00 ден.

 x 

Картичката е празна

СТАКЛЕНА РАМКА СО ДВОЈНИ ОГЛЕДАЛНИ ИВИЦИ (SG-04)

Стаклената рамка со слика со двојни огледални ивици е нов производ во нашиот асортиман
450,00 ден.

Стаклената рамка со двојни огледални ивици е нов производ во нашата понуда. За разлика од стандардните рамки во која фотографијата се вметнува, на оваа рамка за слики фотографијата се печати директно на стаклото. Доаѓа со убави држачи и совршено одговара на Вашиот работен стол или полицата во домот.

Стаклената рамка е со димензии од 230 х 180 мм, а дебелината на стаклото е 5 мм. Печатењето се врши во полн колор, така што Вашата омилена фотографија ќе биде совршено отпечатена.

На стаклената рамка со двојни огледални ивици можеме да ја отпечатиме било која соодветна на димензиите фотографија и текст кои ќе ги пратите. Ивиците на рамката се посебно декорирани како огледало. Рамката доаѓа спакувана во бела кутија и е подготвена за подарување.

Ако пак Ви е потребен подарок за фирма, на рамката за слики со двојни огледални ивици можеме да отпечатиме лого на фирма, посебна посвета, дизајн или благодарница.

Стаклените рамки за слики со двојни огледални ивици се прекрасен подарок, одличен за секоја пригода.

Производ: Стаклена рамка за слики со двојни огледални ивици

Димензии: 230 х 180 мм

Материјал: Стакло со двојни огледални ивици

Облик: Правоаголен

Изработка: 2-3 работни дена

Цена: 450 денари

Оценки

There are yet no reviews for this product.

За нас

Вие одберете убави фотографии и соодветен текст, а ние ќе Ви изработиме прекрасен персонализиран подарок кој долго ќе го памети тој што ќе го добие од Вас!
  • www. fotopodaroci.mk
  • Телефон: 077 529 777
  • e-mail [email protected]
  • Open Понеделник - Сабота, 8.00 am - 8.00 pm

    Search

    Perfect Facebook Like Box Sidebar